Актерката Розамунд Пајк се присети на аудицијата за улогата во „Die Another Day“, филм за Џејмс Бонд во кој глумеше Пирс Броснан, и раскажа како доживеала непријатна ситуација.
Како што изјави за „Харперс Базар“, на аудицијата од неа побарале да остане во долна облека.
„На аудицијата за Бонд ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот што го носев, и да стојам таму во долна облека. И си помислив: ‘Па, не, тоа ќе го направам ако ја добијам улогата. Сега нема да го сторам тоа.‘ Не знам што ми беше тогаш“, раскажа таа.
Иако одбила да направи што ѝ било побарано на аудицијата, Пајк ја добила улогата во хит-филмот.
Претходно, Розамунд, во подкастот „David Tennant Does a Podcast with…“, зборуваше и за еден непријатен момент за време на снимањето на интимна сцена со Броснан.
„Се гушкавме, па се одвоивме и погледнав во лепенките за телото и оние за брадавици, а тие беа покриени со влакна. И си помислив: ‘О Боже, јас ги депилирам градите на Пирс.‘ Бев многу засрамена. Си реков: ‘Толку е храбар, јас му ги кубам влакната од градите со секое гушкање.‘ И секако, требаше неколку обиди за да сфатам дека тоа не бил тој. Тоа беше вештачкото крзно од теписите. Навистина мислев дека ги депилирам неговите гради“, раскажа таа.