Ме повредуваат постојаните гласини за пластични операции, вели актерката Тори Спелинг


tori-speling-depositphotos.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Тори Спелинг откри дека ја повредуваат честите коментари и гласини на социјалните мрежи дека направила пластични операции.


Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс, 90210“ во својот подкаст misSPELLING изјави дека постојано добива пораки од луѓе кои ја обвинуваат дека користи филери.

„Имам 52 години и на секоја фотографија што ќе ја објавам луѓето пишуваат: ‘Престани со филерите’“, изјави таа.

Спелинг тврди дека не направила зафати за кои често ја обвинуваат, иако призна дека на 19 години направила операција на градите, а подоцна уште една за да ја коригира првата.

Актерката додаде дека и покрај гласините се обидува да го задржи чувството за хумор и дека коментарите за нејзиниот изглед понекогаш знаат да бидат навредливи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK