Со големо задоволство го објавуваме изборот на Љупчо Крстевски за Маж на годината според социјалните медиуми за 2024 година, во рамки на официјалниот избор Мажи на годината. Ова признание му е доделено по изборот на јавноста преку гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот.
Оваа година јавноста номинираше 24 кандидати, а според резултатите од гласањето, Љупчо Крстевски убедливо ја освои наградата со најмногу лајкови, што ја прави оваа награда уште попосебна.
Наградата „Маж на годината според социјалните медиуми “е важна и значајна бидејќи го овозможува директното учество на јавноста во изборот на највлијателните личности на годината. Гласањето преку социјалните медиуми овозможи на многумина да ја изразат својата поддршка за своите фаворити и да учествуваат во одбележувањето на најдобрите.
Љупчо Крстевски е популарен комичар и личност која долгогодишно го освежува јавниот простор со својот талент. Познат по своето учество во хумористичниот шоу К-15, каде се приклучил во 2009 година без претходно искуство во глума,
Љупчо брзо се истакнал како талентиран млад актер кој се вклопил во различни улоги. Иако во К-15 немал главна улога, неговата хумористична енергија и харизма го направија незаборавен дел од шоуто.
Денес, Љупчо Крстевски е активен на социјалните мрежи, особено на својот нов профил на инстаграм mr. ljube, каде го следат илјадници следачи. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја развеселува и инспирира својата публика, подобрувајќи им го расположението и донесувајќи им смеа во нивните животи.
Во приватниот живот, Љупчо е посветен семеен човек и татко на едно прекрасно женско дете, и со нетрпение го очекува и второто, кое е на пат.
Честитки до Љупчо Крстевски за ова заслужено признание!