Љубовен хороскоп до 24 февруари: водолиите ги привлекува некој од работа, на близнаците им треба одмор

Месечината-влезе-во-Девица-доаѓаат-промени-за-три-хороскопски-знаци.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Венера, планетата на љубовта, го промени знакот и влезе во Водолија, па носи големи емотивни промени за сите хороскопски знаци. Нејзиното влијание најмногу ќе го почувствуваат Водолиите, Вагите и Близнаците.


ОВЕН:
Во наредниот период од исклучителна важност ќе ви биде сигурноста во љубовниот живот, издржливоста на врската и тоа што поцврсто ќе ја врзете за себе личноста која сте ја одбрале. Ако сте сами, ќе размислувате за некој од минатото, со кој нема големи шанси за обнова на врската.

БИК:
Ќе бидете фокусирани на семејниот живот, што може да биде добро за оние кои веќе се во брак или живеат заедно, но ќе биде ограничувачко за оние кои бараат љубов. Ќе имате многу помалку можности за флерт, романса или љубов.

БЛИЗНАЦИ:
Влеговте во мирен период без многу настани, што ќе ве задоволи по турбулентните неколку недели. Веројатно нема да најдете љубов следната недела, но ќе уживате во животот и можеби ќе имате прилики да флертувате и да се забавувате.

РАК:
Апетитите кога станува збор за љубовта само ќе се зголемат во наредниот период, поради што ќе го привлечете вниманието на многумина, но не и на личноста чие внимание го сакате. Ќе мора да се соочите со реалноста на ситуацијата, која нема да ве радува.

ЛАВ:
Ќе бидете повеќе фокусирани на дружење и пријатели отколку на романтични врски. Ако воопшто сакате да размислувате за некого, тоа ќе биде личност која или одамна ја нема или некој што е физички премногу далеку за да имате врска со таа личност.

ДЕВИЦА:
Може да развиете романтични чувства кон некој со кој сте блиски. Тоа може да биде некој од вашиот круг на познаници или некој што го познавате преку член на семејството. Во секој случај, ќе имате интересен социјален живот.

ВАГА:
Најмногу ќе бидете фокусирани на работата и кариерата, но ќе најдете време и да се занимавате со вашиот изглед. Секогаш сте шармантни и привлечни, но сега ќе бидете уште повеќе од вообичаено и секако ќе го привлечете интересот на другите.

СКОРПИЈА:
Можни се проблеми во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа, а можеби истата личност ќе патува или на друг начин ќе биде недостижна или недостапна. Сето ова ќе ве направи прилично фрустрирани, но имајте на ум дека овие проблеми се од привремен карактер.

СТРЕЛЕЦ:
Љубовниот живот ќе ви биде многу похармоничен доколку веќе сте во врска, повеќе нема да морате да се соочувате со сите тешкотии кои ве мачеа во изминатите недели. Доколку сте слободни, нема да имате многу можности за флерт и романса.

ЈАРЕЦ:
Неволно ќе го прифатите интересот што ќе го разбудите кај сите што ќе ги сретнете. Ќе имате одлични можности и нови познанства, а што ќе стане од сето тоа ќе зависи од вас и вашето однесување. Вашата резервираност може да го блокира вашиот љубовен живот.

ВОДОЛИЈА:
Можно е да ве привлече некој што ќе го запознаете преку работата – вашата или работата на таа личност. Во секој случај, нема да ви биде лесно да ја однесете врската во насоката во која сакате, токму затоа што контактот е професионален.

РИБА:
Ќе бидете забавно расположени и ќе се појават повозбудливи можности да одите на некое место за забава или култура. Тоа е одлично, бидејќи во наредниот период можете да сретнете личност која ви се допаѓа токму на такво место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK