Линда Евангелиста: „Не сакам повеќе да спијам со никого или да слушам како некој дише до мене“

Линда-Евангелиста-„Не-сакам-повеќе-да-спијам-со-никого-или.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Линда Евангелиста важеше за една од најубавите жени во светот и е една од најуспешните манекенки досега.


Денеска има 58 години и ужива во животот, а неодамна откри дека нема момче и дека веќе некое време не ја интересираат ваквите врски.

„Тоа не ме интересира. Не сакам повеќе да спијам со никого. Не сакам да слушам како некој дише до мене“, изјави таа за „Сандеј тајмс“.

Таа отворено проговори и за проблемите што ги имала по една естетска процедура поради кои се криела од јавноста повеќе од две години. Имено, таа се обидела да ослаби со помош на CoolSculpting-третмани, кои работат на принципот на замрзнување на масните клетки. Но, сѐ имало спротивен ефект и масните клетки ѝ се зголемиле, а лекарите набргу ја известиле дека деформитетот е траен и дека нема да може да го поправат.

Линда првично се обвинуваше себеси за сето ова, но како што вели, веќе не е така.

„Веќе не се обвинувам себеси. Повеќе не сум сурова кон себе. Уште малку ме вознемирува што мислат луѓето за мене, но порано повеќе ми пречеше“, изјави таа за споменатиот медиум.

„Сега знам дека не направив ништо лошо. Долго време го мислев спротивното. Не сум се ослободила целосно од тоа чувство, но напорно работам да се ослободам од вината и од срамот. Не дозволувам да ми го уништи животот. Немаше да останам затворена да знаев колку луѓе се грижат за мене“, додала манекенката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK