Лејди Гага откри како го запознала вереникот: „Постојано се распрашував за него“

lejdi-gaga.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пејачката Лејди Гага за „Вог“ откри ретки детали од приватниот живот. Таа раскажа како го запознала бизнисменот Мајкл Полански и разговарала за нивната свршувачка.


Нејзината мајка Синтија Германота била првата што го запознала Мајкл и дошла кај Лејди Гага велејќи и’: „Мислам дека го запознав твојот сопруг“. Пејачката се присети дека и одговорила оти не е подготвена да го запознае сопругот.

Сепак, таа отишла на роденденот на Шон Паркер во септември 2019 година и, како што рече, постојано се интересирала и прашувала за Полански додека конечно не се сретнале. Таа вечер разговарале три часа.

Бизнисменот изјави дека Лејди Гага го освоила со својата топлина и отвореност. Тие разговарале на телефон со недели пред да одат на првиот состанок. Се заљубиле, а потоа заедно го поминале периодот на карантинот во Калифорнија.

„Беше навистина посебно. Од тинејџерка бев фокусирана на мојата кариера и вистински подарок е да можам целосно да се фокусирам на мојата врска. Запознав човечко суштество кое сакаше да ме запознае надвор од Лејди Гага“, изјави пејачката.

Полански се согласи: Имавме неверојатно поглавје од чудниот вид на нормалност што е клучно за правилно развивање на секоја врска – одење на прошетки, правење кафе, дружење со кучињата, читање книги заедно, рече тој.

Пејачката откри дека Полански ја запросил во април. Тие се качувале по карпи кога Полански клекнал пред неа.

Веќе некое време се шпекулира за нивната свршувачка, но парот се уште не го потврдил тоа. Кога Лејди Гага го запознала францускиот премиер Габриел Атала, го нарекла свој вереник, а подоцна во неколку наврати била фотографирана со свршеничкиот прстен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK