Куче истрчало 6,5 километри за да го спаси својот сопственик по сообраќајна несреќа

df.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По сообраќајна несреќа во Орегон, куче истрчало речиси 4 милји до кампот за да го извести семејството на неговиот сопственик дека му е потребна помош, а властите велат дека Брајан Гарет бил спасен поради храброста на животното.


Гарет излетал од патот во провалија, а во возилото биле неговите четири кучиња, пренесува Гардијан.

Тој ја преживеал несреќата, а едно од неговите кучиња истрчало речиси 6,5 километри низ дивината за да стигне до семејството на неговиот сопственик.

Семејството брзо почнало да го бара Гарет и на крајот го забележало неговиот автомобил, по што повикале спасувачи.

Со преостанатите три кучиња, кои исто така ја преживеале несреќата, Гарет бил пронајден во близина на местото на несреќата, по што со хеликоптер бил префрлен на преглед во блиската болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK