Дваесет и едногодишната добитничка на титулата „Мис Универзум“ се снимила како ги движи усните додека ја пее песната „Емпајр стејт оф мајнд“ (Empire State of Mind) на раперот Џеј Зи. Многумина напишаа дека песната содржи расистички навреди и дека не можат да веруваат дека данската манекенка го „синхронизирала“ овој текст. Нејзиното видео набрзо се прошири на социјалните мрежи и наиде на бројни негативни коментари.
„Ова е лудо“, „Не ми се верува дека сум сведок на ова во реално време“, „Ќе и ја одземат круната“, „Извинувањето не е доволно, ако воопшто ќе се извини“, „Одземете и ја круната“, се дел од коментарите.
New York 🗽💚 pic.twitter.com/4gzQLWKjUM
— Victoria Kjær Theilvig (@victoriaakjaer) November 22, 2024
Но, имаше и такви кои застанаа во одбрана на Викторија и напишаа дека таа само се забавува.
„Бела жена пее песна што вообичаено ја пее црнец, а оваа разбудена толпа ја нарекува расист. Таа нема за што да се извинува“, се вели во еден од коментарите. По критиките и прозивките, Викторија не се огласи, како и организацијата „Мис Универзум“.
Викторија неодамна беше крунисана на изборот за Мис Универзум во главниот град на Мексико. Таа влезе во историјата како првата Данка која стана Мис Универзум. Пораснала во мирно предградие на Копенхаген, а подоцна се преселила во урбаното јадро на градот и дипломирала бизнис и маркетинг.
View this post on Instagram
Викторија објави дека нејзиното владеење како Мис Универзум ќе се фокусира на нејзината страст за благосостојба на животните, со цел да го привлече вниманието на прашања како што се зачувување на дивиот свет, хуманиот третман на животните и важноста на одржливите практики во индустриите кои влијаат на животинските живеалишта.