Колку би чинел еден „стојадин“ денес

stokec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Застава 101, или попозната како „Стојадин“, беше и остана еден од најпрепознатливите автомобили во својата ера. Сите го сакаа и уживаа да го возат, некои ги имаат и сега, а многумина се прашуваат која би била неговата цена денес.


Застава 101 е модел развиен врз основа на Fiat 128, а светлото на денот го виде во 1971 година. Со својот иновативен концепт со пет врати, поточно комби-лимузина, брзо наиде на голем одзив кај домашните возачи.

Една од предностите беше цената. Според достапните извори, објавени од форумот Застава, цената на Стојадин објавена во 1972 година во списанието АВТО била 40.040 динари или околу 2.084 долари во тоа време. Преведено во денешните вредности, земајќи ја предвид инфлацијата, пресметано е дека цената на тој автомобил би била околу 15.500 долари или околу 15.000 евра, пишува „Н1“.

Можеби уште подобар показател е куповната моќ на граѓаните преку просечните плати. Во доцните 1980-ти, „Стојадин“ беше еден од поевтините модели на пазарот, кој чинеше 38 просечни плати.

Достапен во две варијанти на мотори и во две основни верзии на каросеријата (со три и пет врати), „Стојадин“ постигна респектабилни бројки. Иновативниот компактен концепт пристигна на пазарот четири години пред „Голф 1“. Имаше бројни предности, но времето буквално го престигна. Кога престана да се произведува во речиси непроменета верзија, „Голф“ веќе беше во шестата генерација, пренесува „Индекс“.

Автомобилот Застава 101 се произведуваше цели 37 години, до 21 ноември 2008 година. Произведени се 1.045.458 единици, од кои 224.851 завршиле за извоз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK