Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се врати на Инстаграм откако минатиот месец го деактивираше профилот, но без фотографии со актерката Блејк Лајвли. Хувер, забележа Дејли Мејл, ги отстрани сите траги од нејзината врска со Лајвли, вклучувајќи ја и фотографијата на која актерката ја означи.
Хувер (45) напиша роман во 2016 година кој беше адаптиран во истоимениот филм од 2024 година, кој сега е во центарот на правната битка помеѓу Лајвли (37) и режисерот и актер Џастин Балдони (41). Балдони тврди дека Лајвли ја искористила својата слава за да ја придобие Хувер на своја страна, откако актерката поднела тужба за сексуално вознемирување во декември.
Пред таа драма, Хувер и Балдони имаа срдечни односи, како што покажуваат мејловите од контра тужбата на Балдони од 400 милиони долари. Во еден од нив, Хувер напиша дека нема подобар кандидат за проектот и му предложи да ја преземе главната машка улога.
Меѓутоа, како што се зголемуваа тензиите, Хувер го избриша својот профил и изјавата во декември во која таа ја опиша Лајвли како „чесна, љубезна и трпелива“. Сега нејзиниот профил е повторно активиран, но без никакви фотографии со Балдони (кои ги немаше и претходно) или Лајвли, вклучувајќи ги и оние од премиерата на филмот во август.
View this post on Instagram
Се чини дека Хувер сега се фокусира на новата филмска адаптација на нејзиниот трилер Verity од 2018 година, во кој ќе глуми Ен Хатавеј.
View this post on Instagram
Одлуката за враќање на социјалните мрежи доаѓа откако Лајвли претрпе мал правен удар пред судот во Њујорк минатата недела. Нејзиниот адвокатски тим побара одложување од две недели за да поднесе изменета жалба, но судијата им одобри само уште еден ден. Крајниот рок за поднесување документи сега е 18 февруари.