Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија (28) и нејзиниот сопруг Иан Бетке го добија своето прво дете.
„Добредојде во светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“, напиша Џина Марија покрај црно-белата фотографија од нејзината новородена ќерка на Инстаграм.
View this post on Instagram
Објавата брзо предизвика лавина од честитки и поддршка од фановите. „Честитки! Многу сум среќна за тебе. Ќе бидеш неверојатна мајка”, напишал еден следбеник, додека друг додал: „Прекрасно! Најголемата радост што може да ја има секој”.