Неодамна во јавноста одекна веста дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод. ТМЗ напиша дека се степале и се разделиле пред неколку недели, а за тоа ги известиле и најблиските. Но, сега имаше изненадувачки пресврт.
Имено, парот е фотографиран заедно во еден трговски центар во Токио.
Судејќи по фотографиите, гласините за нивниот развод биле лажни, а парот изгледа прилично среќен. Во еден момент Бјанка ги држеше рацете над лицето на раперот и се смешкаше од уво до уво.
Дејли Мејл напиша дека извори блиски до славната двојка тврдат дека тие „одредено време се оддалечуваат“.
Последен пат заедно беа фотографирани на 20 септември во Токио, а потоа Канје беше виден на аеродромот во Хонг Конг без неа, што доведе до гласини за развод.