Седмото издание на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации, а поддржано од Адмирал, се одржа во гламурозна и елегантна атмосфера, каде урбани, дотерани и јавни личности дополнително ги разубавија просториите на нашата уникатна Националната Опера и Балет.
Манифестацијата, која го слави успехот на најдобрите мажи во различни области, собра бројни познати фаци, кои со својот присуство ја направија вечерта уште поспецијална.
После свеченото доделување на наградите, атмосферата беше дополнително загреана со одлична забава што ја приреди диџеј Зоки Бејбе, кој со својот музички сет ја подигна енергијата и направи сите присутни да уживаат во магичната ноќ.
Забавата не би била целосна без присуството на Бадел 1862 со вкусовите на Korlat, безвременскиот вкус на Antique и елеганцијата на ирското виски Clan Campbell, како и производите на Кораб Трница, Винчини и Нелкоски Органик. Посебен шмек дадоа и Givenchy, кои покрај подароците за добитниците, обезбедија парфемчиња за сите гости, големиот асортиман на пури од Hecho a Mano, Imperial Tobacco со нивниот футуристички Photowall, како и Myrkl со таблетите против мамурлак, поради кои гостите можеа да уживаат во вечерта без грижа за утрешниот ден. Ваквите комбинации на врвни брендови и производи создадоа уникатна атмосфера која не остави ниту едно присутно лице рамнодушно.
Настанот ја истакна важноста на признанието за мажите кои се успешни во своите области и се пример за успех, амбиција и посветеност. Гостите се опуштија, дружеа и ја почувствуваа енергијата на вечерта која беше спој на гламур, забава и креативност.
Погледнете ја фотогалеријата и видеото од атмосферата на настанот за која што и по три дена сеуште се зборува.