Поради нејзината завидна фигура, многумина ги интересира што јаде Меланија Трамп и како ја одржува витката линија.
Првата дама на Америка во своите мемоари откри кое јадење никогаш не го јаде кога патува. „Дадов до знаење дека не јадам сирова риба“, рече таа. Имено, кога Доналд Трамп и таа беа во официјална посета на Јапонија, таа јасно им порача на вработените да не и носат суши на масата.
„Сè уште се обидував да пробам локална кујна секогаш кога е можно. Таа вечер во Токио, оброкот беше одличен спој на вкусови и текстури и беше најдоброто претставување на јапонската кујна. Ги задоволи моите преференции“, напиша таа.
Меланија следи здрава исхрана и не сака диети. Пред неколку години во интервју за GQ таа откри дека денот го започнува со смути или овесна каша за појадок.
Нејзината цел е да јаде најмалку седум парчиња овошје дневно, но таа не се одрекува од слатки. Иако се храни здраво, понекогаш се препушта на чоколадо, сладолед или кока-кола.
„Немам одредена закуска што секогаш ја јадам. Ако ми се јаде, би грицкала овошје или чоколадо. Мислам дека тоа е она што му треба на телото. Добро е одвреме-навреме да се задоволувате со вашата желба, се додека ги балансирате тие работи со здрава исхрана“, рече таа.
За ручек најчесто јаде разни салати, а за вечера месо и зеленчук. Меланија пие многу вода за да остане хидрирана и никогаш не претерува со мрсна или висококалорична храна.
За да остане во форма, таа вежба секојдневно во својот дом, најчесто наутро. Таа рече дека прави пилатес, шета низ дома со тегови на глуждовите и игра тенис. Откако го роди синот Барон, манекенката откри дека здравата исхрана и часовите по пилатес два до три пати неделно и помогнале да се врати во форма.