Јубилејно 15. издание на „Виноскоп“ од 13 до 17 мај во Градски парк


vinoskop.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Препознатливиот градски фестивал „Виноскоп“ годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. Винската приказна од 13 до 17 мај во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма.


Во текот на изминатите години, Виноскоп прерасна во препознатлив градски фестивал кој ја слави винската традиција, но и модерниот начин на уживање во животот. И ова издание ќе понуди внимателно селектирана понуда на вина, гастрономски деликатеси и музичка програма што ќе создаде уникатна атмосфера за посетителите.

Покрај дегустациите и дружењето, „Виноскоп“ останува простор за поврзување, размена на искуства и уживање во урбаниот дух на градот. Посетителите ќе имаат можност да откријат нови вкусови, да уживаат во добро познати етикети и да бидат дел од едно поинакво фестивалско доживување.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за програмата и учесниците, а публиката ќе ја забавуваат звучни имиња од македонската естрада.

Дел од фестивалската понуда ќе бидат и бројни винарии од целата земја, кои ќе понудат избрана селекција на квалитетни вина и автентични вински вкусови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK