Вчера вечер во клубот Минт во Загреб беше претставена новата пејачка на групата Магазин, 22-годишната Лорена Буќан. Поранешните пејачи на Магазин во оваа прилика открија што мислат за новото лице, но и се потсетија на времето поминато во групата.
„Веќе и дадов совет, таа знае се. Мислам дека ќе биде одлична. И посакувам многу среќа. Истото важи и за Андреа, која тргнува во соло кариера, многу среќа и храброст“, изјави Јелена Розга за списанието In.
View this post on Instagram
„Магазин навистина има прекрасна приказна. Тончи добро кажа, тоа е инкубатор на големи кариери“, изјави Данијела Мартиновиќ.
View this post on Instagram
A post shared by Danijela Martinović (@danijelamartinovicofficial)
Данијела вели дека од сите пејачки веројатно таа ја имала најтешката улога. Таа ја наследи Љиљана Николовска.
„Затоа што Љиљана Николовска беше регионална ѕвезда. Го сакав нејзиното пеење и до ден денес мислам дека е една од најдобрите пејачки што се случиле на нашите простори. Дојдов токму во моментите на распадот на Југославија. Тие беа вистински лидери во оваа област на забавна музика“, вели Данијела.