Јелена Ѓоковиќ го започнува утрото со овој напиток: топи килограми како од шега, тајната е во една намирница

Screenshot-2025-01-06-072131.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чајот на Јелена Ѓоковиќ е идеален доколку сакате да ја доведете во ред вашата линија


Јелена Ѓоковиќ важи за жена која се грижи за своето здравје, а со тоа и за она што го внесува во своето тело. Како што и самата признава, важно и е храната што ја консумира да има хранлива вредност, да е квалитетна, но и вкусна.

Ако обрнете внимание на Инстаграм профилот на Јелена, ќе ги забележите нејзините совети за веганска исхрана и бројни здрави рецепти. Покрај веганските оброци, сопругата на Новак откри дека пие чај од куркума кој и помага да ја одржи витката линија.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ еднаш изјави дека во животот пробала кафе само еднаш, но тоа не и се допаднало.

– Не користам кофеин во ниедна форма. Ниту во зелениот чај. Можеби кафето не е порок за повеќето луѓе, но за мене порок е се што може да предизвика зависност кај мене од која не би можела да се ослободам. Никогаш не ми се допаѓала помислата дека ќе ја изгубам контролата над моето тело.

– Ако не користам кофеин, за да се опуштам, да го задржам фокусот и да останам буден, која е алтернативата? Направив малку истражување и добив многу добри идеи и предлози. Најдов цел да го променам начинот на кој размислувам за храната, вежбањето, здравјето воопшто. Сè имаше повеќе смисла кога вложив повеќе време за подобро да го разберам – рече таа и откри дека наместо кафе пие чај од куркума.

Чајот на Јелена Ѓоковиќ и помага да остане во добра форма бидејќи куркумата е многу здрава храна, а е добра за целото тело, особено за црниот дроб, а освен за зајакнување на имунитетот, се користи и за слабеење.

Доколку сакате да го забрзате метаболизмот и да го подобрите варењето и да го забрзате слабеењето, тоа можете да го постигнете со пиење чај од куркума 5 дена. Подготовката на овој пијалок е многу едноставна.

Потребни ви се само ¾ лажичка куркума, 2 големи лажици домашен мед и 3 чаши вода. Растворете ја куркумата во водата и варете додека водата не се намали на доволно за 2 чаши. Потоа процедете, додадете мед и по желба малку млеко и напитокот е готов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK