Веста за смртта на актерот Патрик Стјуарт растажи многумина. Тој остава зад себе бројни незаборавни улоги, како и интересна љубовна приказна со Сани Озел, која беше 38 години помлада од него, и која остана покрај него сè до последниот момент.
„Со голема тага објавуваме дека сер Патрик Стјуарт почина вчера во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со љубовта и грижата на неговата сакана сопруга Сани, по кратка, но тешка борба со Алцхајмерова болест и деменција со Левиеви тела“, изјави неговиот претставник во соопштението објавено вчера.
Стјуарт и пејачката и текстописец Озел се запознале во 2008 година во „Franny’s“ – пицерија во Бруклин која денес е затворена – каде што таа во тоа време работела како келнерка.
View this post on Instagram
Ѕвездата од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek) се присети на нивната прва средба во интервју за списанието „Пипл“ (People) во 2022 година. Во тоа време, тој настапуваше во претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир на Бродвеј.
„Една прекрасна жена ни пријде и рече: ’Господа, десертите вечерва се на сметка на куќата. Што би сакале?‘ Почнавме разговор, а таа ми кажа колку многу сакала да го гледа ’Магбет‘, но дека сите билети биле распродадени“, раскажа актерот.
Стујарт потоа ѝ го даде својот телефонски број, напоменувајќи дека тоа било единствениот пат во неговиот живот кога некому му го дал својот број и му рекол: „Јави ми се“. Подоцна повторно се сретнале зад сцената по една од изведбите на „Магбет“, а набргу потоа биле на својата прва средба.
„Вечеривме заедно, и еве нè денес“, изјави тој тогаш. „Никогаш претходно немав запознаено некој како неа. Таа е толку интелигентна и образована. Нејзините интелектуални достигнувања се извонредни. Таа памети сè. Мојот живот е постојано интересен, а за тоа во голема мера можам да ѝ се заблагодарам на Сани“, изјави актерот за магазинот „Пипл“ (People).
По неколкугодишна врска, двојката стапила во брак во септември 2013 година на церемонија кај езерото Тахо, која ја водел долгогодишниот пријател на Стујарт и негов колега од франшизата „Икс-мен“ (X-Men), сер Ијан Макелен. Озел е родена и израсната во Рино, Невада, недалеку од местото каде што се одржа свадбата.
Стујарт го одбележа овој посебен настан со разиграна објава на социјалните мрежи, придружена со фотографија од младенците како се смешкаат во базен со топчиња.
Yes, married. http://t.co/ZSMnpluSeL
— Patrick Stewart (@SirPatStew) September 8, 2013
„Да, се венчавме“, напиша тој покрај фотографијата.
Неколку години подоцна, актерот откри дека Макелен немал законско овластување да склучува бракови во Невада, што значи дека нивната венчавка кај езерото Тахо не била правно важечка.
За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо!“ (Jimmy Kimmel Live!) во 2020 година, кога Пит Бутиџеџ беше гостин-водител, Стјуарт откри дека тој и Сани всушност „официјално се венчале во мексикански ресторан“ во Лос Анџелес. На церемонијата присуствувале неколку нивни пријатели, а Меккелен ја водел венчавката.
View this post on Instagram
Патрик Стјуарт претходно беше во брак со Шила Фалконер од 1966 до 1990 година, а со Венди Њус од 2000 до 2003 година. Од првиот брак има син и ќерка.