„Ја изгубив почитта“: Цените на билетите за концертот на Адел ги налутија обожавателите

8a1e53f0-e400-4cad-8041-b909684a655c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По концертите во Минхен, каде настапуваше четири недели, Адел ја продолжува турнејата во Лас Вегас, а високите цени на билетите за нејзините концерти ги збеснаа обожавателите.


Билетите за седиштата во близина на сцената чинат повеќе од 5.000 долари, додека билетите за седиштата во задниот дел на салата се движат од 3.500 до 4.800 долари. Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември, а билетите се препродаваат по цена од 13.000 до 70.000 долари.

Фановите се пожалија на цените на билетите на социјалните мрежи.

„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“ и „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“, се дел од коментарите.

Медиумите потсетуваат дека пејачката по оваа турнеја најави подолга пауза во музичката кариера и откри дека сака да се посвети на актерството, а наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK