Италијанската манекенка Виторија Серети (26) за прв пат отворено проговори за врската со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (50), со кој е поврзана од август 2023 година. Во големото интервју за априлското издание на францускиот Вог, Серети даде редок поглед на нејзиниот приватен живот, иако директно не го спомна името на Ди Каприо. Во текстот го опишува како „многу, многу познат актер“.
Серети откри дека се сретнале во Милано, но на прашањето за деталите од средбата таа кратко одговорила: „Би сакала да не навлегувам во детали“. На прашањето дали го гледала најпознатиот филм на својот партнер, „Титаник“, Серети се насмеала и кратко изјавила: „Тоа е култен филм…“
View this post on Instagram
Виторија искрено зборуваше за предизвиците на врската со еден од најпознатите актери на денешницата и како тоа влијаело на нејзиниот идентитет.
„Штом сте во врска со некој кој е попопуларен од вас, станувате ‘девојката на’ или ‘момчето на’, не е важно. И тоа може да биде навистина иритирачко“, признала таа. „Одеднаш луѓето зборуваат за вас како поранешниот на оваа личност или сегашниот на таа личност. Не е убаво да мислите дека не можете да го сакате тоа што го сакате поради етикетите што другите ви ги ставаат“, додала таа.
View this post on Instagram
Кога ја прашаa како се справува со тоа да биде во врска со „еден од најпосакуваните мажи на светот“, Серети одговорила: „Тоа е нешто што го учиш. Ако она што го доживуваш е реално и ако знаеш дека се сакаш, тогаш нема причина да се плашиш. Затоа што љубовта штити и дава сигурност“.
Иако својата врска главно ја чуваа подалеку од очите на јавноста, Серети и Ди Каприо повремено беа видени заедно. Последен пат беа фотографирани на забава во Париз, а во август минатата година уживаа во патување со јахта на брегот на Сардинија.