Холивудските сценаристи го прекинаа штрајкот во пресрет на гласањето за конечен договор

Холивудските-сценаристи-го-прекинаа-штрајкот-во-пресрет-на-гласањето-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синдикатот на холивудските сценаристи соопшти дека неговите членови можат да се вратат на работа додека реши дали ќе прифати тригодишен договор кој вклучува зголемување на хонорарите, заштита во однос на употребата на вештачка интелигенција и, исплата на хонорари од прикажување серии и филмови на стриминг-платформите.


„Раководството на Здружението на сценаристи на Америка (WGA) во средата едногласно гласаше за прекин на штрајкот,“ се наведува во соопштението на здружението. Членовите, чија бројка изнесува околу11.500, имаат рок до 9 октомври да гласаат за предложениот договор.

Филмските и телевизиските писатели ја напуштија работата во мај, откако не успеаја да постигнат договор со големите студија, вклучувајќи „Волт Дизни“, „Ворнер Брос дискавери“ и „Нетфликс“.

Се чини дека сценаристите добија отстапки во сите сегменти, со покачувања на хонорарите во текот на тригодишниот прелиминарен договор, зголемени здравствени и пензиски придонеси и, заштитни мерки против вештачката интелигенција (AI).

Според рамковниот договор постигнат во неделата, вештачката интелигенција не може да се користи за поткопување на авторитетот на сценаристите. Сценаристите можат да изберат да користат вештачка интелигенција при изработка на сценариото, но компанијата не може да инсистира на користење на софтвер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK