Златан Ибрахимовиќ повторно нè почасти со жешки фотографии и видеа додека тренира. А малкумина се имуни на оваа глетка.
Познат по својот непоколеблив дух, но и по строгата дисциплина кога станува збор за физичка активност, пензионираниот Златан Ибрахимовиќ ни покажа како изгледа неговиот „одмор“.
View this post on Instagram
Тој веќе некое време живее во Хрватска, каде што ужива во топлите и сончеви денови, но никогаш не заборава да одвои време за малку физичка активност.
Тој објави компилација од фотографии и видеа на Инстаграм додека вежба, а неговата најнова објава го привлече вниманието на јавноста. Неговиот одмор не вклучува само одмарање на сонце, туку и подготвеност малку да трча за време на топол ден.
View this post on Instagram
На една објава на Инстаграм Златан е без маица додека ужива во природата и, судејќи според коментарите, многумина беа воодушевени од оваа глетка.
View this post on Instagram
Реакциите беа мешани, но повеќето корисници на Инстаграм се согласија со идејата – дека Златан е „вистинска машина“.