Во еден ден на Канскиот филмски фестивал, Карла Бруни избра три впечатливи комбинации и блесна во секој од нив.
View this post on Instagram
Карла Бруни, поранешната прва дама на Франција, топ модел и пејачка, се појави на овогодинешниот Кански филмски фестивал и „прошета“ во три различни фустани во еден ден и покажа зошто се смета за една од најелегантните дами.
View this post on Instagram
Подготовките во Кан често се напорни, бидејќи вклучуваат напорна филмска програма – од попладневни подготовки до доцна гала вечер, а Карла беше фатена од фотографите наутро додека го напушташе хотелот.
Имаше интересен аутфит и, пред сè, многу шарен, а тоа беше тесен, долг фустан во црна, бела и розова боја, над кој носеше и елегантен шал.
View this post on Instagram
Сепак, вистинското изненадување дојде подоцна, на премиерата на филмот „Garans“, кога пристигна на црвениот тепих во впечатлив фустан со зебра принт од модната куќа Роберто Кавали, дизајниран од Фаусто Пуглиси.
View this post on Instagram
Црно-белиот фустан со длабоко деколте и софистициран преклоп под деколтето беше надополнет со долг дел кое создаде импресивен кореографски ефект зад неа додека одеше.
View this post on Instagram
На крајот од денот, за престижната забава на доделувањето на наградите Kering Women In Motion, таа избра нешто сосема поинакво – сатенски златен фустан од Celine со екстремно тенки прерамки кои ја истакнуваа нејзината женственост и фигура во најубаво светло.
View this post on Instagram
Со фустанот носеше црно преголемо сако, кое совршено се вклопуваше со шампањската боја на фустанот и му даваше на целиот аутфит лежерен француски шмек.