Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а деталите ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Пејачката Никол Шерцингер (48) и нејзините колешки од „Пусикет Долс“, Ешли Робертс и Кимберли Вајат, се подготвуваат да тргнат на европска турнеја во чест на повторното обединување на групата, откако претходно годинава го најавија своето враќање.
Додека наводно летале за Данска за нивниот прв концерт, Никол ја искористила можноста да се истегне во авионот и да се релаксира пред својот настап, објавува „Дејли меил“. Овој пат, таа не носеше бикини…
View this post on Instagram
Во видеото што го објави на Инстаграм, атрактивната пејачка се качува во авион во блескаво сребрено трико, кое го искомбинира со сиви тренерки и кардиган.
Откако некое време работеше на лаптопот, Никол се опушти и направи шпага, а оваа исклучително „истренирана“ пејачка го изведе движењето со неверојатна леснотија.
Впечатливата флексибилност на Никол е веќе позната, бидејќи познатата убавица често споделува фотографии на социјалните мрежи покажувајќи што може да направи, дури и во бикини.
View this post on Instagram
Нејзината фигура несомнено е предмет на завист на сите жени, но Никол не го крие фактот дека работи напорно и тренира за да изгледа толку добро.