Свечената вечера наречена „TIME 100“ собра бројни ѕвезди од светот на познатите личности. Многу познати убавици ги покажаа своите беспрекорни креации, а овој пат, вниманието го привлече Кејт Хадсон.
View this post on Instagram
Наместо класично гламурозно издание кое одговара на нејзините нежни црти на лицето, актерката одлучи да биде вистинска „опасница“. Или поточно, таа избра темен гламур кој никого не остави рамнодушен.
View this post on Instagram
Имено, Кејт избра миди фустан во црна боја од брендот „Khaite“. Креацијата се карактеризира со смел крој кој ја следи линијата на телото, но и драматично деколте.
View this post on Instagram
Не треба да се изостави дискретниот златен детаљ сместен во пределот на градите, ниту пак нараквицата која дополнително ја надополнуваше оваа машна.
За да го заокружи ова издание, познатата русокоса додаде кожни ракавици, но и впечатлива шминка во темни нијанси.