Ел Мекферсон, поранешната супермоделка со прекар „The Body“, неодамна го прослави својот 62-ри роденден, а набргу потоа се врати во светот на манекенството. Таа позираше за кампања за брендот за интимна долна облека за жени „Bonds“, што предизвика бројни реакции и коментари на мрежите.
View this post on Instagram
Претставниците на брендот нагласија дека фотографиите претрпеле минимална обработка, што е видливо на моделот. Траги од време и оштетување од сонце се забележливи на нејзината кожа, а исто така се наведува дека таа одбила шминка и филери за потребите на снимањето.
Поделени реакции
Додека возраста е само бројка за познатата Ел, за јавноста на мрежите тоа е тема за која мора да се дискутира по секоја цена. Со други зборови, нејзиното појавување во кампањата за долна облека предизвика дебата за прашањето – дали жена на одредена возраст треба да го крие своето тело?
View this post on Instagram
„Природно и совршено“, „Прекрасно“, „Ти благодарам што си толку прекрасна“, „Вистинска жена“, се само дел од позитивните коментари. Сепак, имаше и такви кои го критикуваа овој вид модна кампања за постари жени.
„Прекрасни сте, но ве молам, жени, заштитете го вашето достоинство“, „Покријте се.“
View this post on Instagram
Моделот исто така се огласи
За време на гостувањето во австралиска емисија, Ел нагласи дека не обрнува внимание на негативните коментари.
„Не ги сфаќам работите лично. Верувам дека она што другите луѓе го мислат за мене всушност не е моја работа…“