Јелена Розга со децении важи за една од најубавите и најелегантните пејачки на овие простори, а сега тоа повторно го докажа.
Пејачката Јелена Розга успеа да ги излуди сите на социјалните мрежи само со една објава. Иако е доста активна на Инстаграм и често споделува разни снимки од својот приватен живот, многу ретко е провокативна.
View this post on Instagram
Сега реши малку да ја „зачини“ атмосферата и објави можеби најпровокативното видео. Убавата Јелена е секогаш тема на разговор на секој нејзин настап, исто така и поради модните изданија, а овој пат се одлучи за ефектен жолт фустан со провокативен отвор од страна.
Сè беше толку елегантно, а воедно и провокативно благодарение на моделот на фустанот што малкумина очекуваа да го видат на Јелена.
View this post on Instagram
Уште еднаш, пејачката блесна со својот препознатлив сјај и покажа дека секој моден избор совршено ѝ стои, а коментарите под објавата само продолжуваа.
„Прекрасна си“, „Не ми е добро“, „Совршена“, „Не е реално што таа веќе 30 години има 25“, „Посебна си“, Најубава“, беа само дел од коментарите.