(Фото) Токму кога изјави дека не е заинтересирана за врски, папараците ја фатија со познат актер


13947419.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шакира повторно е главна тема на медиумите поради нејзиниот љубовен живот, иако ништо не е потврдено, фотографиите зборуваат погласно од илјада зборови.


Познатата пејачка Шакира настапи на отворањето на Светското првенство во фудбал и повторно стана фокус на сите медиуми. Имаше многу коментари за нејзиниот настап, не беа сите воодушевени, но таа, како и обично, импресионираше со својот стајлинг.

Сега на ред дојде да зборува за нејзиниот љубовен живот, за кој толку малку се знае откако ја раскина долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике поради неговото неверство.

Пејачката сè уште е во Лос Анџелес, а папараците ја фатија во друштво на актерот Мануел Гарсија Рулфо, најпознат на публиката по улогата во серијата „The Lincoln Lawyer“. Според PageSix, двајцата биле видени како излегуваат од луксузен хотел, а потоа се качуваат во истиот автомобил.

View this post on Instagram

A post shared by AZETA! (@revista_azeta)

Некои извори тврдат и дека биле многу блиски цело време, танцувале во ресторан, па затоа ова излегување сигурно не било чисто пријателско.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira Rock N Rules Fan Club Official MX (@shakirarnr)

Овие фотографии доаѓаат веднаш откако Шакира во едно интервју изјави дека моментално не размислува за романтични врски. Па, дали деловна соработка е на повидок или пејачката го негирала тоа, останува да се види…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK