Откако драстично ослабе, легендарната тенисерка Серена Вилијамс не престанува да ја интригира јавноста.
Таа често е тема на светските медиуми, иако самата призна дека успеала да ја доведе својата тежина до совршенство со помош на GLP-1 лек. Ова крена бура во светот, која сè уште не се смирила…
View this post on Instagram
Сега таа повторно се најде на страниците на странските медиуми, но овој пат во костим за капење. Имено, Серена се најде на насловната страница на списанието „Портер“, и тоа во атрактивно издание. Таа позираше во едноделен костим за капење со исечоци.
Ова не беше единствената комбинација што го придружуваше модниот едиторијал, а имавме можност да ја видиме легендарната тенисерка и во други, шик комбинации.
View this post on Instagram
Црн фустан со струк и отворен грб, кафеав фустан што ја нагласува нејзината витка фигура, но и ретро издание што вклучува преголема кожна јакна инспирирана од осумдесеттите години, беа исто така составен дел од нејзиниот стајлинг.
View this post on Instagram
Таа ги објави фотографиите на интернет и потценување е да се каже дека корисниците беа воодушевени од глетката. Всушност, не сме ја виделе Серена Вилијамс толку шик во текот на нејзината тениска кариера.