(Фото) Селена Гомез го покажа лицето без шминка и без филтри: „Ова не е таа, признајте го тоа“


selena-gomezdepositphotos_321655630_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селена Гомез објави неколку фотографии по ред на кои се гледа нејзиниот секојдневен живот, како и нејзиното лице без шминка.


Актерката и пејачка Селена Гомез сакаше да ја сподели својата среќа со сите уште од првиот ден кога почна да се забавува со Бени Бланко, а обожавателите со нетрпение ги очекуваа добрите вести. Откако помина низ тежок период и бројни критики, Селена конечно заплови во мирно пристаниште.

Бидејќи често ги споделува своите секојдневни активности со своите следбеници, не е изненадување што го покажа и своето лице без шминка во својата најнова објава.

Поради лупусот што ѝ беше дијагностициран, Селена помина низ разни трансформации на своето тело што не можеше да ги контролира, а во исто време се соочуваше и со навреди на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

„Госпоѓа Бланко“, напиша таа во описот на својата објава.

На едната од фотографиите може да се види како подготвува појадок во лежерна облека со Бени, додека на другата, Селена е сама без шминка, замислена и на прв поглед тажна. Коментарите ја оживеаја старата теорија на заговор која тврди дека вистинската Селена починала за време на трансплантација на бубрег, а ова сега е нејзиниот клон.

Селена Гомез е позната по својата љубов кон шминката и секогаш се труди да ги истакне очите, па затоа не сме ја виделе без ништо на лицето толку често, особено откако драстично ослабе и го промени својот начин на живот.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

„Изгледаш како принцеза“, „Прекрасна си“, „Напред, кралице“, „Клон си“, „Ова не е вистинската Селена“, се некои од коментарите под нејзината објава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK