Каролина Возњацки објави фотографија од егзотичниот одмор што го поминува со својот сопруг Дејвид Ли на Карибите. Таа позираше на луксузна јахта во црвено бикини и ја покажа својата неверојатна фигура.
Поранешната тенисерка број еден во светот објави неколку фотографии во различни пози и покажа дека е во одлична форма, а на една позира со својот сопруг, поранешна НБА ѕвезда, со кого е во брак од 2019 година.
View this post on Instagram
За време на одморот, тие беа на забавата по повод 40-тиот роденден на дизајнерката Евелин Менин, па затоа комбинираа дружење и релаксација на една од најатрактивните локации.
View this post on Instagram
Каролина Возњацки, 35-годишна данска тенисерка со полско потекло, е мајка на три деца, а минатата година се породи по трет пат. Таа и нејзиниот сопруг ја имаат 4-годишната Оливија, 3-годишниот Џејмс и бебето Макс.
View this post on Instagram
Таа зборуваше за напуштањето на професионалната тениска кариера минатата година во подкастот „Nothing Major“, каде што рече дека најверојатно нема да се врати на теренот, бидејќи сака да ужива во своето семејство.
View this post on Instagram
„Сè уште имам многу време да одлучам. Ако чувствувам дека можам да се вратам во форма, никогаш не вели никогаш. Но, со три мали деца, тоа е веќе работа со полно работно време. Сакам да патувам, а исто така ми беше забавно работејќи на телевизија, навистина ми се допаѓа тоа. Мислам дека тоа е мојот следен чекор. Сакам да работам неколку недели годишно, а потоа да се посветам на моето семејство. Тоа е совршена рамнотежа“, објасни таа.