Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по втор пат, позираше за време на одморот во елегантно бикини кое ја истакнуваше нејзината витка фигура и исончаниот тен.
Многумина забележаа дека изгледа беспрекорно, а комплиментите за нејзиниот изглед се нижеа во коментарите.
View this post on Instagram
Покрај тоа, водителката покажа и неколку семејни моменти, заедно со своите деца и сопругот Лорис Кариус, а судејќи според нејзиниот Инстаграм профил, уживањето нема граници.
View this post on Instagram
„Прекрасно“, „Изгледаш неверојатно“, „Кој би помислил дека штотуку се породила“, „Нереална си“, „Ова е како вештачка интелигенција“, се само дел од реакциите што ги оставија нејзините следбеници.
View this post on Instagram
Познатата водителка сè уште се смета за една од најатрактивните жени на италијанската јавна сцена, а редовно споделува моменти од својот приватен живот, патувања и деловни обврски на социјалните мрежи. Нејзините објави често привлекуваат големо внимание, а оваа не беше исклучок.
View this post on Instagram
Иако е мајка на две деца, Дилета успеа да го балансира родителството со работните обврски, па ја видовме покрај фудбалскиот терен многу брзо по породувањето.