(Фото) Ќерката на Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот брат: Изгледа непрепознатливо


kaja-gerber-depositphotos_760331300_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Каја Гербер, манекенка и ќерка на Синди Крафорд, беше фотографирана во Лос Анџелес, привлекувајќи внимание со својата забележливо слаба фигура.


Според извештаите на меѓународните медиуми, ова беше прво јавно појавување на Каја Гербер по смртта на нејзиниот постар брат, Пресли Гербер. Фотографиите се проширија на интернет, оставајќи многумина шокирани од нејзиниот физички изглед.

Манекенката изгубила значителна тежина по трагичниот семеен настан; „Дејли мејл“ пренесува дека таа „речиси и да не јаде“ и дека нејзината мајка, Синди Крафорд, ја охрабрила да излезе од семејниот дом.

Во моментот кога се направени фотографиите, таа носела црни хеланки и црн џемпер, во комбинација со бели чорапи и патики. Исто така, носела очила за сонце за да се заштити од фотографите и ја оставила кафеавата коса пуштена.

Каја претходно зборуваше за својот брат и неговата борба, откривајќи какво влијание имало тоа врз целото семејство.

„Кога ќе се случи такво нешто во семејството, знаете, тоа ги тера сите да направат чекор назад и да согледаат некои работи од поинаква перспектива“, изјавила таа тогаш, додавајќи:

„Поголемиот дел од животот, моите родители го чуваа овој проблем како строга тајна и никогаш не зборуваа јавно за тоа. Се обидуваа да го скријат проблемот, што само ја влоши целата ситуација. Знаете, во такви моменти, човекот чувствува како семејството да се срами од него“, рече Каја (мислејќи на својот брат).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK