Адам Левин се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough Awards“ во Лос Анџелес со сопругата Бехати Принслу, но нешто друго беше во центарот на вниманието…
Познатиот пејач Адам Левин (47) ги натера своите обожаватели да размислат двапати кога го видоа на церемонијата на доделување награди во Лос Анџелес. Иако цело време беше со сопругата Бехати Принсло, неговото лице беше во центарот на вниманието.
What has Adam Levine done to his face? Maroon 5 star sparks surgery rumours after fans notice he has changed https://t.co/ldH2zaOWMQ
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) April 22, 2026
Адам се појави на овој црвен тепих без брадата што го прави препознатлив со години, но тоа не беше единственото нешто што ги збуни обожавателите.
Додека позираше за фотографите, беше забележливо дека не може да го движи лицето, како да е замрзнато и премногу стегнато, па веднаш почнаа гласините за можна пластична операција.
„Ова не е Адам Левин, кој е овој“, „Адам, што си направил со лицето“, „Уф, кога ќе почнат да прават операции, изгледаат како да се балсамирани“, „Дефинитивно имал фејслифт“, „Изгледа како восочна фигура“, „Тоа не е ботокс, тоа е фејслифт“, се некои од коментарите.