Многу познати личности блеснаа во луксузни креации во Лос Анџелес. Годишните награди „Гувернери“ привлекоа убавици од различни сфери на уметноста, меѓу нив беше и пејачката и актерка Џенифер Лопез, која секогаш има моќен аутфит за вакви настани.
View this post on Instagram
Латино дивата одлучи да носи корсет фустан од познатата дизајнерка Тамара Ралф за оваа пригода. Тој е украсен со длабоко деколте кое ги нагласува градите, но и навидум едноставен крој.
View this post on Instagram
Станува збор за комбинација од материјали – беж сатен и црн плиш, што совршено ја нагласува фигурата на песочен часовник на Џенифер.
Стилингот го комплетираше со црни ракавици, исто така изработени од плишан материјал, чантичка и додатоци од луксузниот бренд „Шопард“.
Што се однесува до техниката на шминкање, пејачката се одлучи за беж нијанси кои само малку ја истакнуваа нејзината убавина.
фото: принтскрин