Џенифер Лопез успеа да го „сруши“ интернетот со една фотографија во костим за капење. Таа навистина беше и останува вистинска латино дива.
Џенифер Лопез може да се пофали со зачудувачка фигура на 57 години, особено со нејзините стомачни мускули кои секогаш ги привлекуваат погледите на љубопитниот свет. Покрај успешната кариера како латино пејачка, таа доживеа и голема популарност на интернет, каде што има своја армија обожаватели.
Лопез често објавува фотографии во атрактивни изданија, а една таква неодамна го привлече вниманието на многу корисници на Инстаграм.
Судејќи според објавата, Џеј Ло нема намера да го соблече своето омилено летно парче од гардеробата. Таа позираше во едноделен костим за капење со длабоко деколте, украсен со кристали и шарен дезен.
View this post on Instagram
Впечатлиовиот модел дополнително го истакна нејзиниот изглед, а својот стајлинг го комплетираше со свилена наметка, златен накит и гламурозна шминка.
Иако им покажа на обожавателите како ги поминува последните денови од летото, Џенифер Лопез не откри каде се направени фотографиите.
Сепак, фотографиите предизвикаа бројни реакции, при што повеќето луѓе беа воодушевени од нејзиниот изглед. Коментари како што се: „најубавата жена на светот“, „нашата модна икона“ и „вистинска убавица“ беа очигледни во објавата.