Кејт Хадсон ги привлече сите погледи на премиерата на документарецот на Нетфликс „Marty, Life Is Short“. Вистинската магија се случи кога актерката се сврте.
Холивудската убавица Кејт Хадсон е повторно во центарот на вниманието откако втората сезона од серијата „Running Point“ ја воодушеви публиката. И покрај ова, Кејт не престанува да „сервира“ провокативни модни изданија.
Kate Hudson turns heads in daring orange dress at Marty, Life is Short premiere in LA https://t.co/WIUKgPLhGe
— HELLO! (@hellomag) May 7, 2026
На премиерата во Лос Анџелес, таа маѓепса со фустан на два различни начина. Кејт се појави во жолто-портокалов фустан со впечатлив отвор на страната што стигнуваше под колкот. Ако го погледнете од напред, би рекле вистинска елеганција, но потоа актерката се сврте…
View this post on Instagram
Спектакуларната креација од велур остави малку простор на имагинацијата, суптилно ги истакна и нејзините гради од страна, и нејзината извајана фигура. Провокативниот отвор на грбот „зачини“ сè, а Кејт го комплетираше својот изглед со црни потпетици и голем златен накит.
Ја собра својата препознатлива руса коса во ниска опашка и носеше минимална шминка, очигледно сакајќи да го задржи фокусот на нејзината провокативна облека.
View this post on Instagram
Освен Кејт, на премиерата присуствуваа и Селена Гомез, Бени Бланко и Били Кристал. Се очекува филмот да излезе на Нетфликс на 12 мај.