И Џенифер Лопез беше добредојден гостин на „свадбата на годината“ на која присуствуваа бројни ѕвезди. Вниманието на јавноста го привлече нејзиното деколте.
Бројни настани го одбележаа изминатиот викенд, но кога зборуваме за светот на шоу-бизнисот, може да се каже дека свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс, сепак, остави одличен впечаток кај светската јавност. На „свадбата на годината“, како што многумина го нарекуваат овој настан, присуствуваа бројни ѕвезди, меѓу кои и прекрасната Џенифер Лопез.
View this post on Instagram
Џенифер одлучи да донесе атрактивно парче облека за оваа пригода – структуриран црн фустан од брендот BACH MAI кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината завидна фигура. Фустанот е украсен со комбинација од класичен гламур и минимализам, што ја нагласува нејзината природна убавина.
Длабокото деколте, заводлив момент од овој стил, не треба да се изостави, како и интересните набори во долниот дел од креацијата кои му дадоа на изданието разиграна нота.
Својот стил го надополни со високи потпетици, црна чанта и луксузни парчиња накит – дијамантски ѓердан и обетки. Таа ја стилизираше косата во висока пунџа, а шминката беше во земјени тонови што ѝ го дадоа тој „soft glow“.