Фонтана ги налути жителите на Виена: „Изгледа како да ја правело дете со пластелин, а чини 2 милиони евра“

Фонтана-ги-налути-жителите-на-Виена-„Изгледа-како-да-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Виена доби нова фонтана што свечено беше отворена од австрискиот претседател Александар Ван дер Белен и градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг, кои го поздравија „извонредниот дизајн инспириран од реалноста, која вешто го пренесува чувството на заедница“.


Тоа не е обична фонтана, на својата веб-страница Виена наведува дека одбележува 150 години од првиот водовод, кој ја донесе бистрата животворна течност од Алпите во тогашниот главен град на Империјата.

Но изгледот на фонтаната наиде на остри критики на „Икс“, поранешен „Твитер“. Социајлната мрежа е преплавена со објави кои го исмејуваат делото, а дел од нив го опишаа „најгрдата фонтана што некогаш ја виделе“, додека дури забележаа фигура во стилот на „Мишелин“ меѓу скулптурите. Дел од граѓаните преку социјалните мрежи ги прозваа надлежните затоа што за изградба на таа зграда се издвоени 1,8 милиони евра.

„Изгледа како нешто што четиригодишно дете би направило од пластелин“, „Вака се користат парите на даночните обврзници во Виена“, „Бев инспириран од фонтаната да ја редизајнирам“, „Добар пример за управувана деградација на уметноста и културата“, се само дел од коментарите.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK