Филмски парови меѓу кои немало апсолутно никаква хемија

Филмски-парови-меѓу-кои-немало-апсолутно-никаква-хемија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Без разлика дали две ѕвезди глумат љубовници, долгогодишни пријатели, па дури и членови на семејството, хемијата меѓу нив е клучен елемент кога станува збор за снимање филм, па затоа тестовите по хемија – кои обично спојуваат различни комбинации на актери за да се види кои од нив споделуваат најинтригантна и најверојатна динамика – се одлучувачки и клучен аспект во претпродукцијата на проектот.


Со текот на времето, филмската индустрија спои најневеројатни двојки на филмското платно кои глумеа еден спроти друг неколку пати и, станаа едни од најнезаборавните парови во кинематографијата.

Сепак, во филмовите се случувало главните ѕвезди да не се навидум компатибилни и, како резултат на тоа, прикажаниот меѓусебен однос не бил толку убедлив. Од Ghosted до Harry Potter, социјалната мрежа „Редит“ сподели ставови на своите корисници за тоа кои филмски парови се со мала или апсолутно никаква хемија.

Ликовите Сејди и Кол во Ghosted (2023)

Не е прв пат Крис Еванс и Ана де Армас да ги обединат силите. Интересно е тоа што кога излезе крими-драмата „Нож во грб“ (Knives Out), гледачите беа желни да видат како овие две ѕвезди ќе се однесуваат еден кон друг, но се разочараа. Во „Маѓепсан“ (Ghosted) – акција авантура комедија – ликот Кол паѓа на шармот на Сејди пред да сфати дека таа е всушност таен агент.

Ликовите Пола и Трип во Failure to Launch (2006)

Иако одличната хемија е од суштинско значење во сите филмски жанрови, во љубовните филмови (кои се фокусираат на врската помеѓу два лика), таа секако станува уште побитна. Сепак, корисниците на „Редит“ тврдат дека никаде ја нема во „Неуспешно лансирање“ или Failure to Launch. Филмот следи еден млад човек (Метју Меконахи) кој сè уште живее со своите родители. Конечно, неговите родители ангажираат убава жена (Сара Џесика Паркер) да го убеди да најде свој стан.

„Откако го гледав тој филм, веднаш го пуштив How To Lose A Guy in 10 Days („Како да изгубите момче за 10 дена“) за да се потсетам како изгледа кога Метју има вистинска хемија со некого на екранот,“ напишаа корисници на „Редит“. „Беше вистинско задоволство да го гледате него и Кејт Хадсон во тој филм,“ додаваат од таму.

Чарлс и Кери во „Четири свадби и погреб“ (1994)

„Четири свадби и погреб“ – го следи закоравениот ерген Чарлс (Хју Грант) кој сфаќа дека можеби ја пронашол љубовта во текот на пет различни настани – е една од најпопуларните романтични комедии од 90-тите. Сепак, хемијата помеѓу Грант и Енди Мекдауел ја нема.

Џејн и Тор во филскиот универзум на „Марвел“

Како што се чини, еден од најголемите филмови на „Марвел“ е меѓу најразочарувачките. Џејн (Натали Портман) и Тор (Крис Хемсворт) првпат се сретнаа во првиот соло филм за моќниот Бог на громот. Иако двајцата развија комплицирана романса во која се среќават науката и магијата, некои гледачи не беа импресионирани благодарение на недостатокот на хемија помеѓу двата главни лика.

Бонд и Медлин во серијалот за Џејмс Бонд

Бонд девојката Медлин (Леа Сејду) е една од многуте жени кои го привлекоа вниманието на култниот таен агент 007 (Даниел Крег). Иако двајцата споделуваат интригантна динамика, многумина сметаат дека тоа не било толку убедливо како, на пример, врската на Бонд со Веспер (Ева Грин).

„Не барајте подалеку од Даниел Крег и Ева Грин во „Казино Ројал“. Некои од најдобрите филмски хемии досега,“ напиша корисник на платформата.

Некои корисници на „Редит“ неодамна прашаа „Кој славен актер никогаш нема хемија со своите колеги?“, а луѓето наведоа низа парови од филмското платно каде едниот или двајцата актери немаат апсолутно никаква хемија со другиот.

Двејн Џонсон со Емили Блант во Jungle Cruise („Крстарење во џунглата“). Потоа, Марк Руфало со Скарлет Јохансон во Avengers: Age of Ultron („Одмазници: Ерата на Алтрон“).

Кијану Ривс со Кери-Ен Мос во „Матрикс“

Џенифер Лопез и Овен Вилсон во „Омажи се за мене“

Даниел Редклиф и Бони Рајт во „Хари Потер“, потоа Кејт Бланшет со Бред Пит во „Необичниот случај на Бенџамин Батон“.

 

Ен Хатавеј со Кристијан Бејл во „Темниот витез“, Том Круз со Деми Мур во „Неколку добри луѓе“. Голем број корисници на „Редит“ сметаат дека Хоакин Феникс покажува лоша хемија буквално со сите актерки.

Хемијата се случува во моментите помеѓу зборовите. Таа лежи во неискажаното, во разменетите погледи меѓу две личности. Затоа, тешко е да се опише, едноставно мора да се види на екранот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK