Од следниот петок (05.07.2024) почнува фестивалот Златни денови во Кратово.
Во духот на добрата забава и традицијата, „Златни денови Кратово 2024“ одново ќе ја докаже посветеноста и лојалноста кон публиката, благодарение на одличната музичка програма.
Првата фестивалска вечер е во петок (05.07.2024) и градот ќе заживее во ритамот на најубавата македонска музика, благодарение на сите реномирани музички уметници кои ќе настапат. Честа за остварање на фестивалот ја имаат Кратовски тамбураши, а забавата ќе продолжи со Трио Тајфа, Распеани кичевчани, мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови. Веднаш потоа публиката ќе има можност да се забавува на настапот на Brass Brothers и Диџеј.
Во текот на фестивалот, домаќин ќе биде Лила Филиповска.
Во сабота (06.07.2024) први настапуваат Б.А.Д, локален рок бенд, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana & The Girls. Ѕвезда на вечерта ќе биде една од најголемите балкански ѕвезди Данијела Мартиновиќ, која ќе обезбеди одлична забава и ќе приреди незаборавно фестивалско искуство за целата публика. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 ќе заврши со Диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак.