Актерката Ева Мендес проговори за нејзиното враќање во филмската индустрија по 10-годишна пауза од Холивуд. Мендес има две ќерки со актерот Рајан Гослинг.
Последниот филм во кој глумеше беше режисерското деби на Гослинг, Lost River, а Мендес ги помина последните десет години фокусирајќи се на воспитувањето на нивните деца, пренесува „Унилад“.
Со оглед на нејзината долга пауза од филмската индустрија, многумина се прашуваат дали Мендес, која глумеше во голем број познати филмови во текот на нејзината кариера како 2 Fast 2 Furious, The Other Guys, Ghost Rider и Hitch, ќе се врати на актерството.
50-годишната ѕвезда неодамна се појави на „Добро утро Америка“ за да ја промовира својата нова книга за деца.
View this post on Instagram
Водителот Џорџ Стефанопулос ја праша дали планира да се врати на актерството.
„Не знам“, одговори Мендес.
„Ако се појават интересни улоги. Заминав во време кога, пред 10 години, се чувствував како веќе да го постигнав тоа, знаете, работев со Рајан Гослинг. Тој е најдобар”, додала таа.