Дамките од трева се чест проблем во текот на пролетта и летото, особено по поминување време во природа, работа во градината или кога децата си играат на отворено. Иако изгледаат тврдокорни, тие можат успешно да се отстранат ако се третираат навреме и со соодветни производи.
Едно од наједноставните решенија е сода бикарбона, која се покажа како ефикасна за чистење на повеќето ткаенини како памук, полиестер и синтетика. Сепак, експертите предупредуваат дека не се препорачува за деликатни ткаенини како свила и волна, бидејќи може да ги оштети нивните влакна.
За да се отстрани дамката, потребно е да се посипе сода бикарбона врз извалканиот дел, нежно да се протрие со мека четка или стара четка за заби, а потоа да се избрише дамката со крпа натопена во мешавина од благ детергент и ладна вода.
После тоа, ткаенината треба добро да се исплакне со ладна вода. Доколку сè уште останат траги од дамката, процесот може да се повтори, а облеката конечно да се испере според упатствата на производителот. Со правилен и навремен третман, повеќето дамки од трева може да се отстранат без употреба на агресивни хемикалии.
фото/Depositphotos