Една од најубавите жени на светот уште еднаш го покажа сиот свој раскош: ја освои модната писта со убиствено деколте

Screenshot-2024-09-25-091701.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Париз во рамките на Модната недела се одржа ревија на L’Oreal која ја носеа многу познати дами. Меѓу нив беа 86-годишната Џејн Фонда, 66-годишната Енди Мекдауел, 51-годишната Хајди Клум, 49-годишната Ева Лонгорија, 32-годишната Кара Делевињ и 28-годишната Кендал Џенер.


Помладата сестра на Ким Кардашијан се појави во сензационален црвен фустан со полупроѕирен градник и детаљ од корсет. Заедно со фустанот носеше и ракавици до лактот, а на усните имаше црвен кармин.

51-годишниот германски супермодел Хајди Клум изгледаше неверојатно во тесен црн фустан од латекс.

Целото внимание на насобраните го привлече и ‘Очајната домаќинка’ Ева Лонгорија, која го истакна своето бујно деколте во смел бел фустан. Таа ја покажа својата неверојатна фигура во секси бел фустан кој имаше шлиц до бутовите и изгледаше многу самоуверено додека се чекореше на модната писта.

32-годишната Кара малку и остави на фантазијата во долго црвено палто, под кое не носеше градник нити маичка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK