Една од најубавите одбојкарки на денешницата го оствари својот сон, стана „Плејбој“ зајачица

Една-од-најубавите-одбојкарки-на-денешницата-го-оствари-својот-сон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ки Алвеш, бразилска одбојкарка која многумина ја сметаат за една од најубавите жени, го оствари својот сон да стане зајачица на „Плејбој“.


Во последно време таа се посвети на објавување содржини на OnlyFans. Повеќе пати изјави дека сака да работи за „Плејбој“.

Споменатиот машки магазин на социјалните мрежи објави дека таа е новата зајачица.

„Кога растев, соработката со Плејбој ми изгледаше како многу далечна цел. Но, тоа отсекогаш беше мој сон, па се обидов да го остварам. Имам силна работна етика и чувствувам дека 2024 година ќе биде моја година“, рече Ки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Playboy (@playboy)

Таа е член на бразилската одбојкарска репрезентација, а претходно призна дека од објавувањето експлицитни содржини заработува 50 пати повеќе од играњето одбојка.

„Генерално, мојот тим ме поддржува, иако не сите мои пријатели се среќни поради тоа. Некои од нив ги покажаа своите вистински лица и сега барем знам кои се моите пријатели. Некои играчи ми завидуваат на многу големата заработка. Но, клубот знае дека не работам ништо што негативно би влијаело на нивниот имиџ“, рече таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK