Сè уште не стивнуваат реакциите на веста за свршувачката на Зендаја и Том Холанд.
Познатата дизајнерка на накит Стефани Готлиб сега проговори за сè, коментирајќи го свршеничкиот прстен на Зендаја.
„Прстенот има дијамант од веројатно 5-6 карати“, напиша Стефани во видеото што го објави на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Ова навистина ѝ одговара. Класично е, но сепак уникатно и дефинитивно има кул женствена енергија“, заклучи Стефани.
Нејзиното видео им се допаднало на речиси три илјади луѓе, кои го коментирале и прстенот, кој наводно вреди 500.000 долари.