Џон Стамос: Дадилката сексуално ме злоупотреби кога бев дете

Џон-Стамос-Дадилката-сексуално-ме-злоупотреби-кога-бев-дете.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѕвездата на хумористичната серија „Полна куќа“, Џон Стамос, во своите претстојни мемоари открива дека како дете бил сексуално злоупотребуван.


Тој пишува дека неговата дадилка го злоупотребила кога имал околу 10 или 11 години и дека тогаш никому не кажал за тоа.

„Тоа беше како – ако се правам мртов, ќе престане. Но, не беше целосно агресивно, сепак,  не требаше да се справувам со тие чувства,“ рече тој во интервју за „Пипл“.

Тој го потиснал тој настан длабоко во себе.

Актерот вели дека било потребно да напише книга за да ја разбере тежината на инцидентот.

„Секогаш беше во потсвеста и затоа толку многу се залагам за оние кои доживеале злоупотреба. Секогаш по малку се сеќавав на тоа. Секогаш беше таму, но го потиснував како и повеќето луѓе,“ вели тој.

Мемоарите If You Would Have Told Me излегуваат следната недела во САД и се навраќаат на низа мачни моменти од животот на актерот, вклучително и неговата борба со алкохолизмот и наркотиците, како и смртта на неговиот долгогодишен пријател Боб Сагет

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK