Џон Сина се извини што во неколку наврати упати критики на сметка на Двејн д’ рок Џонсон.
Џон (46) претходно изјави за Двејн (51) дека ѝ го свртел грбот на кариерата во борење за да стане актер – но Џон сега призна дека направил грешка.
„Постапив на погрешен начин,“ Џон, кој исто така направи транзиција во филмскиот бизнис, рече на прес-конференцијата на „Ворлд врестлинг ентертаинмент“ (WWE) .
„Ја прекршив неговата доверба и упатив обвинувања за неговата перспектива за која не знаев ништо. И длабоко во себе, бев негов фан. Сакав да се врати д’рок (професионалниот прекар на Двејн). Сакав да направам сè за да го вратам назад во рингот, но јас го направив тоа на погрешен начин.“
Поранешниот светски шампион во борење, кој исто како и Двејн стана актер, призна дека во неговите коментари немало почит.
„Морав да кажам извини, згрешив, бидејќи навистина жалев за реченото. Двејн е ретко добар човек.“