­

Џим Кери се збогува со Вал Килмер: Почит кон него како човек и талент


Screenshot-2025-04-03-082751.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џим Кери се прости од Вал Килмер, со кого глумеше во филмот „Бетмен засекогаш“ од 1995 година.


„Со голема почит се сеќавам на Вал Килмер, како човек и генерациски талент кој ни остави завидно наследство на извонредни актерски изведби. Неговите брилијантни актерски достигнувања беа конкурентни само со благодатта и храброста со кои се соочи во своите најпредизвикувачки моменти“, рече Кери во соопштението за печатот, изразувајќи сочувство до семејството.

Патем, во филмот „Бетмен засекогаш“, Килмер ги играше Брус Вејн и Бетмен кои се борат за правда во Готам, додека Кери беше негативецот Ридлер.

Вал Килмер почина на 65-годишна возраст. Веста ја потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер, која ја доби во бракот со актерката Џоан Вели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK