Џесика Алба се разведува по 17 години брак

dzesika-alba-epa-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави „ТМЗ“.


Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.

Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).

Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.

Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана  без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.

Тие се верија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK